Петар Печков
Објавено: сабота, 08 октомври 2011
По земјотресот кој го ,,здрма ,, Веелс пред две седмици, и неколкјуте што е случија во околината потоа, Скопје, Валандово, еве го одговорот каде е општината на сеизмолошката карта на светот.
Подрачјето на општина Велeс припаѓа на српско-македонската геотектонска мaса. Го сочинуваат форамции на алувиум кои потекнуваат од периодот на квартер и геолошки фомрации на песоци, чакали и крилести шкрилец, кои потекнуваат од периодот на неоген - плиоцен. Карактеристиките на теренот се претежно стабилни со постојани физичпко- емханички својства.
Во однос на сеизмолошката активност на тереност, општина Велес спаѓа во Вардарска сеизмогена зона, терени изложени на чести и силни земјотреси. Тие потекнуваат од епицентралните жаришта- Пехчевско, Скопско и валандовски, но и од локални епицентрални жаришта, велат стручњаците.
Според нив бидејќи епицентарот беше во близина на Велес, тоа беше причина што немаше лулање лево десно, туку велешани го почустуваа како удар. Поради тоа не се појавило и карактеристичното нишање на лустерите, што ги збуни граѓаните, дали е во прашање земјторес или нешто друго. Така се чувстувале земјотресите во епицентрите.
Мала територијата на општината се каракатеризира со сеизмолошка активнoст со јачина од VII според MCS, освен југоисточниот дел, кај Градско до Негорци, каде сеимолошката активност се карактеризира со јачина од VIII по MKS .
Според инжинерско-геолошките карактеристики на тлото регионот спаѓа во сеизмички слабо осетливи средини.
Tweet |